На првата седница на претседателството во 2022 година која се одржа во Велес, на покана на НСП на седницата присуствуваа градоначалникот на општина Велес, г-дин Марко Колев како и Лазар Ракиџиев истакнат бизнисмен.
 
На состанокот со градоначалникот се сложивме дека во моментов има простор за унапредување работничките права и дека тие се значаен сегмент од ефикасноста на вработените во државната управа.
 
Во контекст на разговорите и нашата претходно најавена иницијатива за избор на ,,Најдобар полицаец” постигнат е трипартитен договор помеѓу НСП, општина Велес и Лазар Ракиџиев сопственик на градежната компанија ,,Мики Вел” кој што дополнително ќе го награди избраниот полициски службеник со 20.000 денари.
Како Синдикат продолжуваме да изнаоѓаме начини за дополнителна мотивација на полициските службеници преку општините и општествено одговорните компании.
Дополнително правиме напори за обезбедување на бесплатни термини за полициските службеници во општинските спортски сали со што би ги вратиле спортските активности и дружба помеѓу колегите.