Денес во Министерството за внатрешни работи како ново раководство на Независниот синдикат на полицијата во состав Мартин Ефрмов Претседател на НСП, Миле Милески Генерен секретар и Помошниците генерален секретар Фљорим Алими и Даниел Лазарев ја остваривме првата работна средба со Министерот за внатрешни работи г-дин Панче Тошковски.
Средбата беше одржана во работна и конструктивна атмосфера на која бевме известени дека исплатата на бонус платата за 2023 година за колегите кои ги исполнуваат условите согласно законот ќе биде направена до крајот на месецот.
Обезбедени се средства во буџетот за покачување на платите на вработените кои ќе бидат покачени во наредниот период.
Договорите за колегите со завршена обука кои чекаат договори за вработување се во постапка и ќе бидат потпишани многу скоро со што истите ќе можат да започнат со извршување на приправничкиот стаж.
Сакаме јавно да истакнеме и да се заблагодариме на Министерот за целосното прифаќање и признавање на репрезентативноста на НСП во рамките на МВР како и потпишувањето на спогодбата за административна забрана, со што конечно ќе биде исправена долгогодишната неправда која беше нанесувана на НСП од претходното раководство на Министерството, а со цел фаворизирање и давање на приматот на МПС како единствен репрезентативен Синдикат.
Независниот синдикат на полицијата дава целосна поддршка на новото раководство за новите реформски процеси кои се планираат во Министерството. Веруваме дека со меѓусебна комуникација и соработка во наредниот период ќе можеме да направиме комплетно нов и Европски колективен договор каков што вработените во МВР заслужуваат.