На ден 03.04.2025 година во одмаралиштето на МВР во Охрид кое во минатиот период беше ексклизивно достапно само за ,,единствениот” синдикат, за прв пат НСП одржа седница на претседателството на синдикатот на која беа донесени следните одлуки:
1 (една) целосна членарина на НСП која ќе легне на сметката за месец Јуни 2025 година да биде наменета за кревање на спомен обележје за починатиот колега кој беше и наш член Тоше Тодоровски, а трагично го загуби животот извршувајќи работни задачи во трагедијата во Кочани.
Организација на протест на 01.05.2025 година на кој НСП ќе ја поздрави одлуката за покачување на платите за 10% во МВР; но ќе бара и дополнителни 20% зголемување до крајот на 2025 година како за МВР така и за шумската, судската и затворската полиција.
Замена на досегашниот модел на централни спортски игри кој ги организираше синдикатот со интернационален синдикален камп.
Во наредниот период НСП ќе пристапи кон обезбедување на сите потребни барања и дозволи за кревањето на спомен обележје и ќе бидат доставени детални известувања за членството за сите идни активности околу барањето за зголемување на платите и првиот интернационален синдикален камп.
Како синдикат продолжуваме со јавната и транспарентна работа, како и отчетност кон членството, затоа што за разлика од другите синдикати НСП не е синдикат на поединци, туку синдикат на сите нас.