На 11.05.2024 година, ја одржавме првата седница на Претседателство на Независниот синдикат на полицијата по вонредниот Конгрес на Синдикатот.
На седницата беше констатирана постапката во која беше извршено целосното примо-предавање на функциите и беа поставени главните постулати во врска со функционирање на НСП во иднина.
Почнуваме од почеток, но ја продолжуваме истата идеја. НСП е веќе сериозен и препознат фактор во сите сфери на делување.
Благодарност до сите што ни ја давате довербата, а во иднина ќе се потрудиме преку еден искрен и транпсарентен пристап да направиме вистинска промена во синдикалната свест, затоа што НСП не се само претседателите, НСП сме сите ние!