Активно следејќи ја состојбата и потребите на колегите, поднесовме предлог за можност за предвремено пензионирање на полициските службеници на барање на работникот со навршени 25 години активен стаж, а со намалување на ставката на пензија за 0.5% годишно за секоја година.
Сметаме дека голем дел од колегите, особено оние кои секојдневно ги извршуваат задачите на терен имаат трајни последици од извршувањето на работните задачи и треба да се предвиди можност за заминување во пензија на оние колеги кои повеќе не се чувствуваат способни за извршување на работните задачи.
Оваа мерка ќе придонесе за одредено проветрување во полицијата, намалување на бројката на уморни кадри и можност за нивна замена со млади колеги кои ќе донесат дополнителен елан, свежина и енергија во полицијата.