Некои можеби ги заборавија колегите опфатени со настаните од дискотеката во Кочани кои веќе неколку месеци се оставени без плата, а јавноста веќе ги осуди без да е покренато обвинение, но НСП е секогаш линијата на отпорот и сигурно не ги заборава.
Претседателот на НСП и помошник генералниот секретар Даниел Лазарев посетија дел од колегите од Делчево и Кочани од каде веќе го најавуваме се поизвесниот протест за нивна поддршка кој ќе се случи кон крајот на месецот.
Секој еден можеше да биде ангажиран на нивното место кобната вечер и да ја делеше истата судбина каде што впрочем животот го загуби и нашиот колега Тоше Тодоровски.
Сите ние сочуствуваме со трагедијата и сакаме правда. Правда за жртвите, правда за Тоше и правда за колегите низ јавен, фер и транспарентен судски процес почитувајќи го начелото на пресумпција на невиност!