На ден 04.11.2020г. во 12.00 часот ќе се одржи Мото Протест под мотото „СТОП ЗА СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА – ПРАВДА ЌЕ ИМА ЗА СИТЕ“.

„ВО ДВЕ КОЛОНИ “ПОСТРОЈ СЕ и ЗАРАДИ КОВИД 19 ОСТАНИ ВО ВОЗИЛО ”

Место на собирање е пред канцелариите на КСОМ наспроти Саем а ПРЕС ќе одржиме пред Апелациониот суд – Скопје и Министерството за Правда.В

Во среда на 04.11.2020 година со почеток од 12:00 часот Независниот Синдикат на Полицијата и Независниот Синдикат на Судска Полиција ќе одржат протестен марш.

Протестот ќе започне пред канцелариите на КСОМ па се до Апелациониот Суд Скопје и Министерство за правда каде ќе се оддржат прес конференции и ќе се упатат барањата кои се однесуваат на воедначување на пресудите на вработените во полициските станици за граничен надзор прогласени за издвоени објекти на сите апелациони подрачја, за што се поднесени преставки и барања за средби до Претседателот на апелациониот суд и Министерот за правда.

Барање за почитување на колективниот договор и исплата на додатоци за судските полицајци како и донесување измени во законот за судска служба со кои конечно судските полицајци ќе добијат бенифициран стаж и регулирање на додатоците на плата!

Ве очекуваме да ни се придружите!