Денес во Министерството за внатрешни работи, Помошник генералниот секретар Даниел Лазарев учествуваше на работен состанок во врска со новиот Закон за внатрешни работи на кои од негова страна беше посочена забелешката за потребата од поширока јавна дискусија и формирање на работна група за разгледување на предлог законот со цел подготовка на квалитетно и одржливо законско решение.
Во предвидениот рок до 06.11.2024 година како синдикат ќе ги доставиме детално забелешките околу Законот за кои сметаме дека треба да бидат вметнати, а за кои сметаме дека треба да се обрне дополнително и истите треба да бидат сериозно разгледани.