Денес делегација на Независниот Синдикат на Полицијата предводена од Претседателот Делчев и Генералниот Секретар Коцевски, оствари работна средба со Министерот за Внатрешни Работи.
На средбата, меѓу другото, се разговараше околу најгорливите теми што ги тангираат претставниците на гранскиот синдикат и на полицајците приправници, почнувајќи од проблемот со квалитетот и снабденоста со униформи, потоа распоредувањето на приправниците подалеку од местата на живеење, прашања од областа на организационото распоредување и интерно конкурирање, приправничкиот стаж и друго.
Министерот Спасовски во оваа прилика, истакнувајќи ја својата и отвореноста на неговиот кабинет за разговори со претставниците на синдикатот, како и генерално со вработените околу сите отворени прашања, нагласи дека внимателно ќе бидат разгледани изнесените проблеми и согласно важечките законски прописи, потреби и планови на Министерството ќе се бараат најоптималните решенија во заеднички интерес и на вработените и на институцијата.
Борбата за враќање на ДОСТОИНСТВОТО на професијата ПОЛИЦАЕЦ продолжува!