Како Независен синдикат на полицијата, заедно со Гранскиот независен синдикат на здравство, фармација и стоматологија, како дел од Сојузот на синдикати – 5та СИЛА, Гласниот синдикат и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници будно ги следиме состојбите околу подготовката на новиот буџет и започнувањето на работата на Економско социјалниот совет.
Нашата одмереност во јавните настапи и излагања во изминатиот период единствено се должи на оставање на фер и коректен период за позиционирање на новата Влада и започнување на реформите, но мораме да потенцираме дека трошоците за живот секојдневно растат и потребата од зголемување на платите е повеќе од потребна.
Искрено се надеваме дека испуштањето на нашите синдикати во учеството на Економско социјалниот совет каде можеше да ги видиме повторно истите лица е ненамерна грешка и дека заврши времето на тргување и пазар со работничките права.
Работниците заслужуваат достоинствени плати и пристојно зголемување со новиот буџет, во висина која ќе го надомести сето тоа што требаше, а не го добија оваа година