Низа недоследности кај државните органи и негативни реакции кај полицајците кои беа ангажирани за време на случувањата во кумановското Диво Насеље во мај 2015 констатира независниот полициски синдикат.

Гоце Делчев Тодев вели дека под сомнителни критериуми е доделуван еднократниот надомест од 1000, 5000 и 10 000 евра, некои вели добиле, а некои не. Независниот полициски синдикат според свои сознанија тврди дека МВР не им ги исплатила ни прекувремените часови на полицајците кои биле ангажирани во тој период. Од Министерството за внатрешни работи не сакаа да ги коментираат ваквите наводи на независниот полициски синдикат. Велат дека финансискиот сектор ќе утврди дали на сите полицајци кои биле ангажирани им се исплатени прекувремените часови по што ќе ја информираат јавноста.

„Реакциите беа во поглед на одлуката на Владата во тој период со што беа опфатени неколку категории на припадници на полицијата со добивање на владина помош од 1000, 5000 и 10 000 евра. Но, лицата кои биле ставани на список се господа од министерството за кои мислам дека ќе дојде време да објаснат по кои основи земале пари“, рече Делчев Тодев.

Превземено од tv21.tv