Поради големиот број на реакции од колеги кои пристигнаа до нас околу барањето од колегите ,,да се снајдат” или со други зборови самите да си купат одела за обезбедување на самитот му го порачуваме на Министерот следното:
Доколку не знае во кои конфекции се шијат одела ние ќе му помогнеме и ќе го насочиме, а сумата за набавка сигурно ќе биде далеку пониска од цената која државата ќе ја плати за измајмување на возилата во кои 2 дена ќе се возат учесниците.
Крајно време е да се започне со достоинствен и човечки пристап кон полициските службеници, а државата доколку не е во можност да одговори на потребите на самитот во иднина да не прифаќа вакви настани.