Уште една од тие победи кои ние ,,малите” вклучувајќи се директно во процесите кои другите немаат храброст ни да ги изговорат, успеавме позитивно да ги завршиме, а припадниците на ОСПО на кои им се ставаа на товар злоупотреби со патните тршоци да бидат ослободени од одговорност.
Додека некој се замислува за некаква си еминенција во синдикализмот во МВР, ние продолжуваме да бидеме гласот на колегите во најсериозните процеси како ,,27ми Април”, ,,Диво Насеље”, ,,настаните од КПУ Идризово”, ,,патарините”, ,,истрагата за дискотеката Пулс”.
Благодарност до сите колеги кои секојдневно доброволно и несебично ни ја даваат довербата, а со тоа солидарно им помагаат на колегите и учествуваат индиректно во сите овие процеси.