️ Со денешната добиена битка сакам да ви порачам дека секој акт на дискриминација кој ни го вршевте до сега не направи уште похрабри и порешителни во нашата борба.
Денешната утврдена продолжена директна дискриминација врз мене, од страна на Помошник директорот Оливер Лукароски како Претседател на комисија за распоредување и Бобан Димитровски како Началник на РЦ Север е само доказ за немоќта да се замолчи гласот на работникот.
Лично сум ви благодарен што од нас направивте борци за кои не ни сонувавме дека ќе бидеме, не научивте да се мотивираме од притисоците и да уживаме во дискриминацијата, а се надевам дека е дојдено времето за одговорност за тоа што докажавме дека свесно им го правевте на колегите.
,,На сиромав, ни сиромаштијата не можеш да му ја земеш”-Пиреј, Петре М. Андреевски