ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА СПОРТСКИ ИГРИ
Почитувани колеги,
Независниот синдикат на полицијата на 28 и 29.09.2024 година ќе организира централен спортски настан ,,2ра НЕЗАВИСНА ПОЛИЦИЈАДА“ кој ќе се одржи во Хотел Мизо во Охрид.
Во интерес на транспарентноста, пријавувањето на учесници се врши преку претставниците на НСП во организациските единици (синдикални организации и подружници) по принцип 10% од членството и ротација доколку има поголема заинтересираност во одредена организациска единица.
Пријавувањето треба да се направи најдоцна до 22.09.2024 година кога се затвораат списоците.
Пријавувањето на учесници во организациските единици без синдикален претставник оди директно преку координаторите.
Координатор за Западна Македонија – Фљорим Алими 071/298-525
Координатор на Источна Македонија – Даниел Лазарев 070/384-604
Координатор за Скопје, МВР и Останати – Миле Милески – 078/415-891
Координатор за Шумска и Судска – Владимир Литовски – 075/862-001