1. ТИМ 2000 ДОО, со седиште на ул.1519 бр.36, со ЕМБ: 5463513, ЕДБ: 4030000421406, и Ж-Ска 200001355335402 депонент на Стопанска Банка Скопје, застапуван од Управителот Тони Спасовски.
Предмет на овој договор е давање услуги на членовите на ГНСП во МВР на РМ, Шумска, Затворска и Судска Полиција при: Бесплатна детекција на дефект на возило, како и одреден попуст и одложено плаќање, при купување на резервни делови и сервисирање на возилото, во зависност од начинот на плаќање, потписник на овој договор.
Попустот се однесува на сервисирање на сите видови на возила во поглед на механичарски и лимарски сервис.
Под резервни делови се подразбира:
Сите резервни делови за сите видови на возила вклучувајќи и акомулатори.
Давателот на услугите се обврзува на членовите на ГНСП при купување на сите производи, цената да ја намали 15 помалку од крајната цена на чинење, како и набавка и сервисирање на возилата ќе може да го добијат на одложено плаќање од 3 до 6 рати.
3 рати на сума до 9000 денари
4 рати на сума до 12000 денари
5 рати на сума до 20000 денари
6 рати на сума до 30000 денари