За сите членови на Независниот синдикат на Полицијата ви соопштуваме дека е склучен договор со рибникот Оморани, со кој секој наш член добива ексклузивен попуст од 20% за користење на услугите на рибникот.
Овој попуст важи за сите членови на синдикатот и може да се искористи со прикажување на членската картичка на Независниот синдикат на Полицијата при посета на рибникот.
Ви посакуваме пријатни моменти и уживање во природните убавини на рибникот Оморани!
Со почит,
Независен синдикат на Полицијата