Со задоволство објавуваме дека само за членовите на Незавависниот синдикат на полицијата, склучен е договор со специјални услови и цени со Телеком оператор кој важат за мобилната телефонија, но и за интернет и тв пакетите.
Овој договор нуди значително подобри цени и услови од останатите оператори со кои НСП има склучено договор и кој понатака остануваат да важат.
Повеќе информации околу цените и условите можете да најдете во интерните групи на НСП, кај претставниците на синдикатот и по лотусот на МВР.
За склучување на договор потребно е да се најавите на Миле Милески 078/415-891, а потоа се упатувате во салонот на Телеком кој ќе го изберете.
Договорите се склучуваат на физички лица како и сите останати договори со оператори без провизии и обврски за префрлување на броевите во сопственост на синдикатот. Секој корисник може да склучи до 4 претплатнички линии.