Денес на 28 јуни 2020 година во ПК Градско се одржа првиот состанок на Независниот Синдикат на Полицијата при СВР Велес кој што се одржува за прв пат со новото претседателство на сите Организациони единици кои го претставуваат членството и тоа од ОВР Неготино со претседателот Влатко Петров, ОВР Кавадарци со претседателот Илија Јованов, ПК Градско со претседателот Сашо Иванов и членот и записничар младиот колега Борче Бошков…
Се донесоа едногласни одлуки за понатамошното наше дејствување како Синдикална Организација на НСП во СВР Велес со цел да се подобрат сите можни недостатоци и проблеми кои ги засегаат нашите колеги во своите работни места…
Се договоривме и за нашите идни планови за одржување на регионалните спортски игри во Валандово на 18 јули 2020 година и многу други конструктивни идеи кои ги донесовме со наш заеднички дијалог и решение а секако со цел да зајакнеме уште повеќе како синдикат на чело со нашиот претседател Гоце Делчев Тодев и со останатите членови од целата држава…