Пишуваме историја!
 
На 17.09.2022 година во Охрид, помеѓу Независниот Синдикат на Полиција, Синдикатот на Српската Полиција од Р. Србија и САС МВР од Р. Бугарија потпишана е спогодба за формирање ,,Балканска Полициска Унија”.
 
Следејќи ја иницијативата ,,Отворен Балкан” ја официјализираме нашата соработка и започнуваме со формална соработка и формирање на посебен правен субјект во кој придобивките од меѓусебните договори, проекти и заедничко делување ќе ги почуствуваат сите наши членови.