Денеска остварив средба со претставници од Независниот синдикат на полицијата на која беше изразено задоволство од динамиката на активностите кои значат унапредување на условите за работа на полициските службеници. Притоа, беше изразена иницијатива за креирање на нова правна рамка која ќе значи доуредување на односите на овој грански синдикат со МВР, а согласно важечките законски одредби.
Во однос на владината мерка за намалување на трошоците на институциите, укажав дека покрај направените заштеди во трошоците за испорачаната електрична енергија, во ниту еден момент не значи номинално скратување на платите и надоместоците на вработените, туку рационализација на расходите на МВР.
Беа поздравени нашите напори за веќе обезбедените униформи и средства за работа за полициските службеници, за 77-те реконструирани објекти на МВР, но и за воведените мерки за енергетска ефикасност, чии ефекти се веќе видливи.
Превземено од фејсбук профилот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски