Независниот синдикат на полицијата склучи договор со СН Осигурителен брокер АД Битола.
Членовите на НСП се стекнуваат со право да добијат 15% пониски цени и истовремено можност за плаќање на 12 рати за следните видови осигурување:
РЕГИСТРАЦИЈА НА АВТОМОБИЛ
ЗЕЛЕН КАРТОН
КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ
ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ
ДРУГИ ВИДОВИ ОСИГУРУВАЊЕ
Горенаведените поволности, членот на НСП може да ги искористи во преку 40 филијали на СН Осигурителен брокер АД Битола низ повеќе градови во државата.
За користење на поволноста, членот на НСП е должен да приложи во филијалата потврда од синдикатот која ја издаваат Претседателите на синдикални организации и подружници на НСП.
Правото за користење на 15% пониска цена и можноста за плаќање на 12 рати можат да бидат искористени паралелно.
Членот на НСП, горенаведената поволност може да ја искористи и за член од потесното семејство.