️По повод 131 година од почетокот на македонската револуционерна борба, им го честитаме 23 Октомври на сите граѓани на Македонија. Овој значаен ден е симбол на нашата долгогодишна борба за слобода, правда и достоинство на македонскиот народ.
Со почит го одбележуваме наследството на револуционерите кои ја осветлија нашата историја со храброст и посветеност за националното ослободување и создавање на независна и суверена држава. Нивните идеали остануваат водилка во нашата современа борба за заштита на правата на работниците и граѓаните, како и за унапредување на демократијата и владеењето на правото.
Со гордост се сеќаваме на нашите предци и нивната жртва, продолжувајќи ја традицијата на борба за подобра Македонија. Нека овој ден биде потсетник за нашата обврска да ја чуваме и браниме слободата која тие ни ја оставија во аманет.
Честит 23 Октомври!