Денес во Штип на вториот ден од Текстилијада #9 / Tekstilijada #9 на мое големо задоволство имав можност да бидам панелист во дебатата на тема ,,Синдикален плурализам – правни и институционални предизвици за независно претставување”.
Со колегите синдикалци од земјата и регионот разменивме ставови и идеи околу вистинската автономија во делувањето, но и потребата од суштинска реформа на синдикатите која би ја вратила довербата кај работниците.