Почитувани колеги,
 
Во моментов во државата минималната плата изнесува 20.175 денари и сите вработени мораат да бидат исплатени со најмалку овој износ на основна плата без додатоци.
 
Бодот во МВР во моментов изнесува 29 денари и нашата основна плата без 45% и 30% се смета со множење на бодовите со 29 денари.
 
Пример 530 бодови помножено со 29 денари плата на колега со 530 бода изнесува 15.370 денари.
 
Разликата со минималната на овој износ е 4.805 денари. Ова значи дека адвокатскиот тим на НСП со тужби ја добива разликата со минималната плата зависно од тоа кој колку бодови има.
 
Разлика се појавува на секој колега до 620 – 630 бодови. Комплетниот судски процес за сите членови на НСП е целосно бесплатен без проценти или трошоци во постапките.
 
За сите колеги кои сакаат да започнат ваков тип на постапки потребно е да се информираат за истите кај нашите синдикални претставници.