Како реакција на сите колеги кои сосема легитимно го поставија прашањето до НСП за тоа зошто не се исплаќа бонус платата за 2022 година иако законскиот рок беше до 15 Март денес поднесовме барање до Министерот за внатрешни работи за исплата на истата во најкус можен рок.
 
Бонус платите се одработени од страна на колегите и МВР има обврска за нивна исплата, доколку се нема слух за исплата НСП ве известува дека се исполнети сите услови за поднесување на тужби по овој основ.