Почитувани колеги,
Сакаме да ве известиме дека во моментов се во тек повеќе законски измени кои Владата и Министерството сакаат да ги спроведат молкум, дел нив се веќе во процедура другите сеуште се договараат и се однесуваат на следните работи кои ќе нанесат сериозна штета на вработените во МВР.
 
1. Нов Закон за работни односи со зголемување на фондот на работни часови во работната недела кој ќе важи за сите вработени задскриен под завесата за коридорот 8.
 
2. Нов Закон за вработените во јавниот сектор во кои се предвидува категорија на службени лица со посебни овластувања да бидат единствено вработените кои имаат овластување да носат оружје, приведуваат и задржуваат лица. Ова значи дека ОСЛ во сегашната форма на вработени кои немаат оружје, ќе го загубат бенифицираниот стаж и 20% зголемување на плата за посебен ризик кои досега ги добиваа.
 
3. Нов Закон за плати во кои ќе израмнат платите по основ на работно место во јавниот сектор. Ова значи дека референт ќе добива исто плата секаде во јавниот сектор безразлика во која инститиција работи.
 
4. Се носи нов општ колективен договор за јавен сектор во кои за ,,синдикатите” да го добијат својот дел од колачот за да се голтнат сите овие работи се предвидуваат одредби со кои се овозможува синдикатите сами да предвидат колку време членовите нема да може да се отчленат од нивните синдикати (3, 5, 10 години), како и тоа дел од колективните договори да важат единствено за членовите на синдикатите потписници.
 
5. Од 08 до 10 Мај на самитот на Интерпол на големо се заговара укинување на бенифицираниот стаж во оваа форма и пензионирање на полицијата со старост од 55 години, а ова повлекува и укинување на одредбата за пресметка на пензија од 10те најдобри години.
 
За сето ова да се затскрие и да се поткупи работникот се разговара за ,,покачување” на плата за Септември на работниците во МВР за 10% на полицајците и 30% за администрацијата, што воопшто не е покачување туку порамнување со минималната плата за да се спречат тужбите. Кај администрацијата е 30% затоа што ќе треба да се покријат тие 20% што ќе ги загубат, а ги имаа досега со колективен договор.
Во суштина се режира едно големо сценарио за геноцид на работникот!
НСП ВЕЌЕ ДОГОВОРАРА И БАРА ПОДДРШКА ЗА ГОЛЕМО МАСОВНИ ПРОТЕСТИ.
БАРАМЕ УКИНУВАЊЕ НА БОДОВИТЕ И НОСЕЊЕ НА НОВ НАЧИН НА ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТИТЕ СО КОЕФИЦИЕНТ ОД ПРОСЕЧНАТА, ЗА ДА ПЛАТИТЕ РАСТАТ КАКО ШТО РАСТЕ ПРОСЕКОТ.
НЕМА ВРЕМЕ ЗА ОДМОР И МОЛЧЕЊЕ.
ВРЕМЕ Е ЗА СИНДИКАЛНО БУДЕЊЕ!
СТОП НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ!