Се известуваат началниците и командирите дека во Министерството постои Правилник за начинот на обезбедување храна за работниците кои работат ноќе и истите се должни да го почитуваат.
Заканите кон колегите кои имаат за цел да се поделат што е можно повеќе паштети за неколку месеци или години наназад е нешто недозволиво од институција која треба да биде пример за почитување на законите.
Храната која следува за работниците кои работат ноќе треба да биде соодветно чувана и делена пред започнување на секоја ноќна смена, а колегите и понатаму ги охрабруваме да продолжат со одбивање на храна за минати или идни периоди.
Можеби некои фирми имаат останато огромни залихи на произведени паштети и нарезаци, но вработените во полицијата не се тие што треба да помогнат во чистењето на магацините…