Поради крајно сериозната и загрижувачка состојба со нападите врз полициските службеници кои станаа секојдневие, Независниот Синдикат на Полицијата започнува со серија на протести кои ќе бидат организирани во различни градови.
Полициските службеници секојдневно се напаѓани, малтретирани и повредувани, а кога се обидуваат да се заштитат против нив се покренуваат обвиненија за малтретирање во вршење на службата.
Серијата на протести ги започнуваме на 04.11.2023 во Штип каде моментално имаме 4 супендирани колеги.
Бараме итна промена на Законот за полиција и Кривичниот законик и пропишување на минимална казна затвор од 5 години за напад на полициски службеник.
Го повикуваме Министерот, Владата и сите останати политички партии и чинители да ги поддржат нашите протести по примерот и поддршката на протестите на маргинализираните групи. Заедно да ја кренеме свеста за потребата од поголема заштита на полициските службеници како и достоинствена плата.
СЕ ГЛЕДАМЕ ВО ШТИП!
04.11.2023