️ Во врска со заклучоците од 36та седница на Претседателството на НСП се утврдува 06.04.2024 година како датум за одржување на вонреден Конгрес кој се свикува поради пензионирањето на Претседателот, а во врска со претходно донесените статутарни измени.
На конгресот преку делегатски систем ќе биде избран Претседател на НСП, за што навремено ќе бидат објавени сите постапки и рокови поврзани со изборите и начинот на пријавување на заинтересираните кандидати.