Независните синдикати конечно ја добија правната битка и изнајдоа начин за спас од синдикалното заложништво во кое вработените беа држени против својата волја.
Сите колеги кои сакаат да се отчленат од одреден синдикат каде се држени против своја волја, за да бидат отчленети потребно е да го направат следното:
1. Да поднесат изјава за отчленување до синдикатот,
2. Да го известат МВР и да побараат да престане со задршките кон тој синдикат,
3. Доколку МВР не престане со задршката да поднесат барање за вонреден инспекциски надзор до Трудовиот инспекторат по пример на приложеното.
Трудовиот инспекторат веќе во десетици случаи констатира дека работодавачот НЕ СМЕЕ да прави задршка од плата на вработениот без негова согласност и дека во овие случаи се сторени повреди на одредбите од член 111 од Законот за работните односи.
Доаѓа време кога некои синдикати ќе мораат да се пребројат…