✍️ По големиот број на забелешки од колегите од Одделот за управни работи, денес поднесовме Барање до Министерство за внатрешни работи за проширување на одлуката за исплата на дополнителна плата за вработените и исплата на дополнителна плата за сите вработени во Одделот.
👉 Сметаме дека донесената одлука не го опфаќа целиот сегмент на работници во Одделот за управни работи кои директно или индиректно се вклучени во процесот на промена на личните документи.
🫡 Иако ја разбираме основната цел на одлуката сакаме да укажеме дека сите колеги независно од нивната улога, имаат подеднаква важност. Во процесот подеднакво важни и со зголемен обем на работа се и колегите кои ги обработуваат барањата, кои ги издаваат документите, но и оние кои работат на возила и на техничките прегледи вршат промена на сообраќајните дозволи и ги обработуваат барањата.
🤝 Со проширување на одлуката на сите колеги би се зајакнал процесот и би се зголемила довербата и соработката помеѓу колегите, а со тоа и поефикасно би се одговорило на предизвиците од комплексната ситуација во која што се наоѓаме како држава.