Почитувани колеги,
Денес во Хотел Контитентал, Скопје се одржа вториот вонреден конгрес на Независниот синдикат на полицијата кој помина во крајно коректна и демократска атмосфера од кој многу синдикати можат да учат, а на кој од вкупно 155 делегати беа присутни 137 делегати со право за глас.
За кандидатот Гоце Делчев Тодев гласаа вкупно 31 делегат,
За кандидатот Мартин Ефремов гласаа вкупно 106 делегати со што истиот е избран за нов претседател на НСП.
Следи период на примопредавање на функциите и промени на податоците во Министерството за труд и социјална политика и Централниот регистар.
Благодариме на досегашниот претседател и основач на НСП за досега направеното и тој останува почесен претседател, продолжуваме понатака посилно по истиот пат, а на новиот му ја честитаме функцијата со желби за искрена синдикална борба.
no images were found