Не можеме да очекуваме промена на подобро, а притоа да не создаваме квалитетни кадри кои треба да ги донесат промените.
Политиката на поставување Помошници на министерот во Центарот за обука директно од партиските штабови го доведе Министерството до состојба да секоја година го поместуваме дното од постигнатиот успех на претходните генерации.
Едно од главните барања на Независниот синдикат на полицијата е целосно реформирање на образовниот процес и конечно враќање на средното полициско училиште кое е повеќе од нужна потреба.