На покана на Српскиот синдикат на полицијата во рамките на соработката која произлегува од Балканската полициска унија, во периодот од 07 до 09.06.2024 година, делегација на НСП учествуваше на Полицијада 2024, традиционално организирана во Златибор, Р. Србија.
Приликата ја искористивме за размена на искуства со повеќе синдикати од регионот, се со цел следење на чекорот со актуелните синдикални активности на поразвиените синдикати како и прифаќање на подобри практики на делување од страна на НСП.