Додека со месеци слушавме од Синдикатот на пензионираните полицајци за тоа како платите ќе ни ги покачат за 10%, 20% и ќе ни дадат по 100 бода линеарно, платата на полицаецот остана длабоко под републичкиот просек.
Единствената надеж за спас на полицијата е новата методологија за пресметка на плата која треба да започне од месец Март 2025, а почетната плата во полицијата не смее да биде под коефициент 1, односно почетната плата во полицијата да биде еднаква со просечната плата во државата.
Дали ќе го фатиме чекорот со останатите или ќе продолжиме да слушаме пензионерски бајки додека ни кратат по неколку стекнати права годишно зависи единствено од вас, затоа што силата на синдикатот не се поединците туку сме сите ние…