Најостро го осудуваме ваквиот тип на охрабрувања и сметаме дека ваквите одлуки негативно ќе влијаат врз постапувањето на полициските службеници и врз целокупниот безбедносен систем.
Полициските службеници се луѓе со интегритет и достоинство, а не учесници во реално шоу. Не би сакале да помислиме како би изгледало општеството кога после оваа судска одлука, во име на јавниот интерес, граѓаните ќе почнат покрај полицајците да снимаат и слободно објавуваат постапување на пожарникари, брза помош, армијата, докторите, наставниците итн…