Ако некогаш бевме лидери, денес земјите во регионот веќе се далеку пред нашите плати. Во Р. Албанија почетната плата со новите покачувања во полицијата изнесува над 50.000 денари.
Како држава мораме итно да го следиме трендот на полициските плати од нашето опкружување, а најдоцна до Септември да извршиме некаква корекција за да се задржи барем минимално ниво на професионалност и мотивација кај вработените.