Денес до Министерот за внатрешни работи како репрезентативен синдикат на ниво на работодавач поднесовме Иницијатива за формирање на работна група за изработка на нов Колективен договор.
Како синдикат во чиј состав членуваат околу 30% од вработените сметаме дека досегашната пракса на потпишување на договорите зад затворени врати од страна на еден човек мора да биде заменета со јавни и транспарентни преговори во кои вработените точно ќе знаат што синдикатите преговараат во нивно име, а преку пошироки јавни дебати ќе може да дадат и свои предлози и идеи.
Искрено се надеваме дека новото раководство на Македонскиот полициски синдикат нема да продолжи да биде главен кочничар на процесите во Министерството, а вработените во полицијата конечно ќе добијат нов модерен и европски колективен договор.