Во рамките на претходно изготвениот план за посети на организациските единици при СВР Штип, Претседателот на НСП Мартин Ефремов заедно со Помошник генералниот секретар Даниел Лазарев и Претседателот на НСП Свети Николе Александар Тасев, остварија посета и работна средба со колегите од ОВР Свети Николе.
На средбата беше отворена дискусија околу поднесената иницијатива за нов Колективен договор, планираните следни активности на синдикатот и утврдувањето на платите согласно најавената нова методологија за пресметка на плата.
Благодариме за интересот на колегите и рабирањето на потребата за синдикално организирање кое ни дава обврска за продолжување и зачестување на ваквите посети во наредниот период.