Во врска со синоќешниот инцидент кои се случил на Маѓународниот аеродром Скопје во кој директорот на Primeclass на ТАВ омаловажувал и навредувал колешка раководител на смена во Меѓународен аеродром Скопје за време на извршување на работните задачи како синдикат во целост го осудуваме ваквото однесување и даваме целосна поддршка на колешката во натамошниот правен процес.
Ваквите постапки на недолично однесување во кои што директно се напаѓа униформата која ја носиме проследени со закани, навреди и демонстрација на моќ искажани преку зборови како ,,ќе видиш што ќе ти направам јас, твоето време заврши сега јас сум главен кучко една”, воопшто не соодветствува на функцијата која ја извршува ова лице и на стандардите кој би требало да бидат поставени од страна на ТАВ Аеродроми, особено потенцирајќи го фактот дека се работи за колешка.
Бараме итно и целосно расчистување на овој настан кој е пријавен во ПО Петровец, а како синдикат настанот дополнително ќе го пријавиме и во централата на ТАВ во Р. Турција со цел утврдување на одговорност и заштита на колегите од вакво понатамошно несоодветно однесување од страна на вработените во ТАВ аеродроми.