Раководството на НСП придружувано од адвокатскиот тим на синдикатот одржа работни посети и состаноци на подрачјето на СВР Штип и РЦ Исток, каде од секогаш доаѓала најголемата поддршка на Независното синдикално движење со околу 90 проценти членство од вработените.
Согласно планот и можностите беа посетени ОВР Берово, ПС за ГН Пехчево, РЦ Исток, ОВР Делчево, ПО Македонска Каменица и ОВР Кочани.
Во наредниот период продолжуваме со посетите со цел прибирање на идеи и предлози во врска со новиот Колективен договор како и анализа на недостатоците и недореченостите во подзаконските акти на Министерството.