Како Независен синдикат на полицијата ја поздравуваме одллуката на Министерството за зголемување на бројот на бодовите на полициските службеници од Ж-Категорија за 10 односно за 20 бодови иако сметаме дека ова не е доволно и е потребно да биде извршена корекција и на вредноста на бодот за да полициските службеници почуствуваат некакво реално покачување согласно порастот на трошоците за живот.
Дополнително бараме од Министерството да има предвид дека со ваквата корекција на бодовите која по вторпат се случува и ја добиваат единствено полицајците значително се приближуваат и воедначуваат платите на сите вработенте во МВР и е потребна корекција и на останатите категории на работници за да се задржи одредена разлика помеѓу категориите.