Во контекст на претходно најавените состаноци и консултации со членството во врска со текстот на новиот Закон за внатрешни работи, низата на средби со членовите ја започнавме од ПС Штип.
Во наредниот период раководството на НСП ќе оствари посети на голем број на организациски единици каде ќе отвориме јавна дискусија и дебата за тоа што може да очекуваме од новиот Закон, но и за тоа што можеме како синдикат да преземеме за подобрување на одредени одредби од Законот.
Благодарност до колешките и колегите што во континуитет ни ја даваат поддршката и од каде главно како синдикат ја црпиме мотивацијата и идеите за сето тоа што го правиме.