Претседателот на НСП Мартин Ефремов и претседателот на гранична полиција Кумановски регион Маријан Бојковски остварија посета на ПС за ГП и ГН Белановце, ПС за ГП Табановце, Транзитен центар, ПС за ГП и ГН Пелинце, ПО Матејче и СВР Куманово.
✍️ Во дискусиите со колегите кои главно се однесуваа на новиот Закон за внатрешни работи, нотирани се предлози и забелешки кои во наредна фаза ќе бидат дополнително доставени.
✅️ Од остварените посети исто така е констатирано дека исплатата на хранарина за работниците што работат ноќе која после огромниот број на тужби кои ги поднесувавме за прв пат започна да се исплатува се одвива тековно со што конечно е решен долгогодишниот проблем.