Во периодот од 22 до 23.11.2024 година, Претседателот на НСП Мартин Ефремов со помошник генералниот секретар Владимир Литовски и адвокат Дончо Стаменков остварија посети на колегите во:
-ПС за ГП и ГН Стење,
-ПС за ГН Маркова Нога,
-ПС за ГП и ГН Меџитлија,
-ПС Битола,
-ПС Прилеп,
-ШПС Прилеп,
-ПС за ГН Старавина,
-ПС Кавадарци,
-ПС за ГН Михајлово.
✅️ Сите конструктивни предлози од страна на колегите ги прибележавме и ќе бидат доставени до Министерството во текот на наредната недела.
〽️ Во поглед на забелешките во врска со потребата за значително зголемување на платите, приоритетна набавка и замена на дотрајаната униформа уште утре ќе доставиме барање за средба со Министерот за внатрешни работи на која ќе ја пренесеме состојба и ќе побараме итна интервенција и решение за овие основни проблеми.