Помошник генералниот секретар Фљорим Алими изготви реакција до МВР во врска со објавата на Министерот за одбрана за парична награда на над 300 припадници на армијата кои учествувале во справувањето со пожарите.
Напоменуваме дека во справувањето со пожарите беа опфатени и голем дел од нашите колеги кои со недели даваа надчовечки напори за гаснење на пожарите, за кои НСП уште летоска побара да бидат наградени.
Како Независен синдикат на полицијата сметаме дека МВР треба да ги следи трендовите на Армијата како сродна професија и не треба да има двојни аршини ниту во пресметката на платите, ниту во наградите и останатите надоместоци. Сите работиме во истата држава и ја полниме истата каса.