Врз основа на реакциите од голем број на членови како и многуте дисциплински постапки покренати по овој основ, бараме од Министерството укинување на забрата за користење на мобилни телефони за припадниците на граничната полиција со која истите се ставени во понеповолна положба за разлика од сите останати полициски службеници.
Сметаме дека во добата на телекомуникациите и информатичката технологија, телефоните се нужна потреба на секој еден човек, а со оглед на бројот на камери и надзор кои полициските службеници ги имаат во кабините одамна е изгубена целта на самата забрана и можноста за злоупотреба на истите.