Независниот Синдикат на Полицијата, во изминатите неколку дена, од страна на повеке десетици вработени во Министерството за Внатрешни работи а наши членови, информирани сме дека при лекарска интервенција и прегледи од Министерството за Здравство, биле принудени приватно да си ги плакаат сметките.

Всушност од она што може да се заклучи е следно: На вработените во МВР уплата за здравствено осигурување на вработените последно е вршено заклучно до 31.03.2017 година. Што значи дека од тогаш до ден денешен за вработените во МВР нема уплатено за ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ. Со таа цел :

  • НСП крајно сериозно ги прашува надлежните во МВР на РМ и Министерот, која е причината што за вработените во Полицијата не е извршена уплата за ЗДРАВСТВЕНО осигурување?
  • КОИ се причините и кога ќе се изврши уплата за Здравственото осигурување?
  • Ќе преземе ли конечно некој одговорност за ваков скандал???

Независниот Синдикат на Полицијата ЈАВНО ги известува сите вработени во МВР кој од било која причина имаат плаќано за услугите во Здравството кај што е плаќано приватно и тоа за изминатиот период одкако системот од нејасни и необразложени и неоправдани причини не им било уплатено ЗДРАВСТВЕНО осигурување, да ги чуваат сметките и доколку се членови на Независниот Синдикат, истите ќе бидат превземени како случаи за правно да бидат решени и обештетени.

Во изминатиот период наши членови како и други, вработени во МВР на РМ се соочија со голгота по шалтерите во клиниките на Министерството за здравство ширум РМ. Да појасниме, МВР свесно со умисла и организирано не извршило уплата за здравствено осигурување на своите вработени со што директно го прекршило чл.167 од Кривичниот законик на РМ, односно, извршило повреда на работничките права и правото на социјално и здравствено осигурување, со што исто така директно вработените ги изложило на страм, директни материјални и нематеријални трошоци, ускратување на остварување на своите здравствени и социјални права, а не ретко жртви на погоренаведеното се нашите деца. Поради тоа бараме под итно веднаш, да МВР изврши уплата за здравствено осигурување за своите вработени во спротивно ќе се соочат со силата на пенкалото.

Г-дине Министре, Бараме да оформите посебен тим кој ќе се вклучи во вистинско расчистување на овој проблем кој континуирано се повторува. Полициските службеници си плаќаат приватно за извршени здравствени прегледи, а каде завршуваат парите за оваа намена останува тема за ШПЕКУЛИРАЊЕ.

Од Вас зависи дали во наредниот чекор ќе биде или не известено надлежното Јавно Обвинителство. Очекуваме во врска со овој проблем писмено да се произнесете како на нас така и кон вработените во МВР па и пред јавноста.