На координативната средба одржана на ден 29.04.17 год. на ниво на Гранските синдикати и синдикално организации во КСОМ- Конфедерацијата на Синдикални Организации на Македонија едногласно одлучија за заедничко учество на одбележување на денот на трудот 1-ви Мај кои во форма на работнички марш ќе биде одржан на 1-ви Мај оваа година.
Поаѓање на ПРВОМАЈСКИ МАРШ од страна на организаторот закажан е во 12.00 часот пред платото на “Stone Bridge” хотелот во Скопје.
Учество на овој марш ќе земе и Независниот Синдикат на Полицијата.
Бори се за твоите права!
Подобри права и враќање на достоинството на ПОЛИЦАЕЦОТ како професија!
Нека е среќен празникот на трудот!